Заврши првото полувреме од реванш средбата од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкендија и ТНС. И тоа со резултат 1:1, а според играта и резултатот требаше да биде водство на Шкендија најмалку со 2-3 гола разлика. И се беше одлично до 38.минута.Шкендија имаше водство од 1:0 со голот на Тамба во 18.минута. И тогаш од никаде, по еден напад кој не изгледаше за опасен, топката се одби до Џордан Вилијамс кој успеа да израмни на 1:1.
Штета, навистина штета, ако се знае дека во првата фаза од првиот дел тетовци имаа барем 2-3 идеални шанси за гол и се чини дека во тој дела можеа да го решат севкупниот победник.
Да потсетиме дека на првиот меч во Велс, резултатот беше 0:0.