Перез со ултиматум до Ливерпул: “Или прифатете ја понудата или ќе ви го земеме бесплатно!“

3643
ФОТО: Real Madrid FC/X

Откако успеаја да го донесат Трент Александер – Арнолд за речиси без пари, сега Реал Мадрид му спрема нов удар на Ливерпул. Сега трансферната цел е Ибрахим Конате, стоперот кој исто така сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Проблемот е во тоа што Ливерпул бара повеќе од тие понудени 25 милиони евра од Реал Мадрид, но исто тка проблем за “Редси“ е во тоа што може да останат и без тие 25 милиопни ако се знае дека на Конате договорот му истекува следното лето.

Реал Мадрид го сака Конате уште во текот на овој преоден рок, но нема намера да плаќа повеќе од тие 25 милиони евра.

Од таму и ултиматумот кој Флорентино Перез им го дал на раководните лица на клубот од „Енфилд“, а тој гласи:

Или прифатете ја понудата за Конате или следното лето ќе ви го земеме бесплатно!“.

Тоа е стилот на Дон Флорентино.

ПретходноМарјан Ристовски е ново засилување за Пелистер
СледноАмар Хот: Млади сме, но и мотивирани! Ја знаеме тежината на националниот дрес!