Јаневиќ: Босанскиот првак е по мерка, но мора да се засилиме

125

По освоената шампионска титула на домашната сцена, екипата на Јанта Волеј КВ пред себе има нов предизвик. На стартот на новата сезона, шампионките ќе го имаат своето прво претставување и на европската сцена и тоа во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Денеска Јанта Волеј КВ го доби и својот ривал за втората елиминациска рунда и тоа во името на трикраткиотшампион на Босна и Херцеговина, екипата на ЖОК Гацко. Тренерот на нашиот првак, Никола Јаневиќ, вели дека противникот е по мерка.

„Ова е нашето прво историско учество на европска сцена и можам да кажам дека имавме каква-таква среќа во ждрепката. Босанскиот шампион е некако по мерка, но нормално ние треба прво да си го задржиме нашиот играчки капацитет кој не донесе до овој прв историски натпревар, а секако и да се засилиме со адекватни играчи за да бидеме конкурентни во европските натпреварувања. Се надеваме на поддршката од нашите поддржувачи и нашите симпатизери со која ќе се екипираме и работиме за натамошен развој на одбојката во Кисела Вода, Скопје и Македонија“, вели Јаневиќ.

Со трикратниот шампион во низа на БиХ, тимот на Јанта Волеј ќе игра во термините – 21/23 октомври пред домашната публика, односно на гости во Гацка 28/30 октомври.

ПретходноРоденденска прослава пред реваншот со Ла Фиорита: Омерагиќ ги дувна свеќичките за 23. роденден!
СледноШкендија – ТНС 1:1! На Арената ќе има продолженија, можеби и пенали!