ЕХФ за денеска ја закажа ждрепката за квалификациската рунда за пласман во групната фаза во Европската лига, како и за ЕХФ Европскиот Куп. Стартот е во 11 часот.
Вардар 1961 има директно место во Европската лига, додека пак Алкалоид ќе мора да одигра едно квалификациско коло за да се најде во истото натпреварување. Иако тимот од Автокоманда е актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп не се најде во друштвото на привилегирани клубови.
Можни противници на Алкалоид се: Хановер – Бургдорф (Германија), Маритимо де Мадеира (Португалија), БМ Торелавега (Шпанија), Морс-Ту (Данска), БСВ Берн (Швајцарија), ХК Малме (Шведска), МРК Сесвете (Хрватска), Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска), РК Горење Велење (Словенија) и АБЦ де Брага (Португалија).
Својот пат во ЕХФ Европскиот Куп ќе го дознаат и ГРК Охрид, ГРК Тиквеш и Бутел Скопје со тоа што езерскиот тим е сместен во првиот шешир и ќе стартува од второто коло, додека останатите две од првото коло.