Амар Хот: Млади сме, но и мотивирани! Ја знаеме тежината на националниот дрес!

65

Амар Хот е еден од оние млади кошаркари на списокот на новиот селектор, Марјан Илиевски кој ќе ги чека своите дебитански минути во националниот дрес. За кошаркарот на Работнички ова не е прв повик, но никогаш не се нашол во финалниот список.

По бројните откажувања за претквалификациите за СП 2027 година, Хот и останатите млади соиграчи ќе имаат шанса да се изборат за место во репрезентацијата, не само сега, туку и во иднина.

Мотивот е голем кај сите, одговорноста е голема, нешто што добро му е познато на Хот и останатите играчи, знаат што значи да се носи сениорскиот дрес и каква тежина има истиот.

„Среќен сум што добив повик од селекторот Илиевски. Да се биде дел од македонската репрезентација е сон на секој кошаркар, нема поголем мотив. Точно е дека сме млади кошаркари со скромно искуство на вакви натпревари, но подготвени сме да го дадеме максимумот, прво на тренинзите, а потоа и на мечевите. Мотивирани сме и желни за докажување, знаеме каква тежина има националниот дрес“, ни изјави Хот.

Македонија во претквалификациите ќе игра против Унгарија и Романија.

„Сите не гледаат како аутсајдери, но тоа пак треба само да не мотивира. Мора д го дадеме максимумот на секој натпревар и да се бориме. Ги респектираме противниците, но нема да излеземе со бело знаме, напротив треба да покажеме дека не случјано ни е доверена оваа шанса. Останува следниот период да го искористиме за максимална подготовка, а сето она што ќе го договориме – да го спроведеме на терен“.

Селекторот, Илиевски во Гевгелија на располагање ќе го има комплетниот состав, таму ќе се приклучат Адем Мекиќ, Теодор Симиќ и Андреј Јакимовски, се очекува да пристигне и Џејкоб Вајли.

Македонија првиот меч го игра на втори август против Романиај во Куманово, седум дена подоцна (9 август) е гостин на Унгарија, по штп на 13-ти истиот месец игра исто на гостински терен кај Романија. Овие претквалификации ги затвара на 20 август против Унгарија на домашен терен.

ПретходноПерез со ултиматум до Ливерпул: “Или прифатете ја понудата или ќе ви го земеме бесплатно!“
СледноВардар го одработува првиот тренинг во Сан Марино