Андреј Митревски: “Да го дадаме нашиот максимум и да се избориме за што подобар резултат!

59

Проблемите кои ги имаше со повредите во изминатиот период, условија Андреј Митревски, ова лето, да направи своевиден “камбек“ во сениорскиот национален тим.

И тоа во време кога доаѓа „редот“ на една генерација на играчи родени 2002 и 2003 година, во коај спаѓа и бекот на Феникс 2010, чија наредна играчка дестинација треба да биде САД.

Но претходно следуваат обврските кон националниот тим кој ги стартуваше подготовките за она што следува во августовскиот ФИБА „прозорец“, преквалификациите за Светскиот Куп 2027.

Повикани се неколку млади играчи. Имаме доста млади играчи во овој состав, и затоа треба да се подготвиме што е можно најдобро. Имаме некои петнаесетина дена, можеби и нешто повеќе, до натпреварите од претквалификацискиот циклус. Оттука најдобро е да се подготвиме што е можно подобро за тие натпревари. Исто така, да се спремиме добро и да ги одиграме и оние подготвителни натпревари, против репрезентацијата на Швајцарија. Да дадеме наш максимум, и да избориме најдобар можен резултат. И да се квалификуваме за оние наредни квалификации“– вели младиот бек по првите одработени тренинзи со сениорскиот национален тим.

Ова лето Македонија ќе игра во втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во Катар 2027 година. За ривали во групата ги имаме репрезентациите на Романија и на Унгарија:

Знаеме дека Романија и Унгарија се добри противници, но тоа не значи ништо за нас. Нормално е дека имаме шанси. Секако дека ќе се бориме, дека ќе одиме на победа. Можеби на ‘хартија’, тие би биле фаворити. Но секако, тоа не значи ништо, и нормално, ќе одиме на победа и на двата натпревари, и да се квалификуваме за понатамошната фаза од натпреварувањето“ – смета Митревски.

ПретходноЖдрепка за Челинџ Купот: УГД Штип и Наковски Волеј на гости ќе го имаат европското деби, Работнички почнува дома
СледноСинер: Не се расплакав иако бев на работ!