И дефинитивно Башкими не знае за доста кога станува збор за овој летен преоден рок. Од денеска кумановци кои следната сезона ќе играат во ПМФЛ, се посилни за Фљамур Џелили (25).
Станува збор за крилен напаѓач, а досега го носел дресот на повеќе клубови од Данска и Шведска.
Се разбира дека Башкими својот нов играч го најавува како засилување и му посакува добредојде.
Кога сме кај Башкими да споменеме дека играчите на овој тим, предводени од тренерот Муарем Муарем продолжуваат со одработување на тренинзите во Банско.