Вардар го одработува првиот тренинг во Сан Марино

105

 

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Освојувачот на Купот на Македонија и претставникот во првото коло од квалификациите од Лигата на Конференции, тимот на Вардар попладнево го одржа првиот тренинг во Сан Марино. Местото каде што в четврток со почеток од 21:00 часот ќе го одигра реванш дуелот од првото коло против екипата на Ла Фиорита.

Тренерот Гоце Седлоски ги поведе своите избраници во уште еден работен ден, кој што е во насока на исполнување на основната цел, а тоа е пласман во второто коло.

Предноста од првиот меч не е мала, Вардар на Арената победи со 3:0 со головите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато, и сега в четврток треба да ја заврши задачата.

Температурите во Сан Марино се летни, морето е доста блиску, но од друга страна пак, ништо не смее да биде алиби за неповолен резултат.

Утре Вардар ќе го одработи и официјалниот тренинг на стадионот каде што и ќе се игра мечот.

 

ПретходноАмар Хот: Млади сме, но и мотивирани! Ја знаеме тежината на националниот дрес!
СледноМитровски и Олимпија експресно елиминирани од Лигата на шампионите