Вембањама се враќа: Конечно ќе можам повторно да играм кошарка

27
Фото: Сан Антонио Спарс/Твитер

Центарот на Сан Антонио и францускиот кошаркарски интернационалец Виктор Вембањама се опорави од здравствените проблеми што го принудија да ја заврши минатата сезона предвреме и може да започне со подготовките за новата, објави во понеделник францускиот спортски весник „Л’Екип“.

„Официјално сум подготвен да се вратам. Тоа едноставно се случи, добив зелено светло од медицинскиот тим на Спарс. Конечно ќе можам повторно да играм кошарка“, изјави Вембањама за „Л’Екип“.

Францускиот кошаркар беше опериран во март откако му беше откриен згрутчување на крвта во десното рамо и му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза. ESPN објави во мај дека се очекува Вембања да се врати на теренот пред почетокот на тренинзите и дека ќе биде целосно подготвен за новата сезона.

Младиот 21-годишен центар одигра 46 натпревари минатата сезона во кои имаше просек од 24,3 поени, 11 скока, 3,7 асистенции и беше најдобар блокер во НБА со просек од 3,8 блокади.

Вембањама беше првиот избор на НБА драфтот во 2023 година и едногласно беше избран за најдобар почетник во својата прва сезона, а минатата сезона за прв пат се појави и во Ол-стар натпреварот. За една и пол сезона, тој одигра вкупно 117 натпревари и имаше просечен учинок од 22,5 поени, 10,8 скока, 3,8 асистенции и 3,7 блокади.

ПретходноЕХФ Европски Куп: Тиквеш против Бешикташ, Охрид со тим од Азербејџан, Бутел за ривал го доби Дуделанж!
СледноЕХФ Европска лига: Потешко не можеше! Алкалоид против Хановер!