Во неизвесен меч пораз во три сета за Ивановски од третиот носител

54

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во мечот од првото коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Поуспешен од него беше третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови (6:7(10); 6:3 и 6:3) за 2 часа и 40 минути игра.

Ивановски по голема борба го доби првиот сет со 7:6 во тај брејкот 12:10 на поени, а притоа и двајцата тенисери имаа по неколку сет топки. Во вториот сет Гиганте успеа да дојде до предност со брејк, кој Ивановски го врати, но следуваше уште еден брејк и сетот Италијанецот го доби со 6:3 во гемови. Со истиот резултат Гиганте беше поуспешен и во решавачкиот сет за триумф од 2-1 во сетови.

Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени.

Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.

ПретходноНаполи го добива Лука на позајмица со клаузула за задолжителен откуп