Деспотовски: Рае е силен состав, но не од калибарот на ланските ривали

85
facebook

Одбојкарките на Работнички четврта сезона едноподруго ќе бидат дел од европската сцена. По минатите искуства во Балканскиот куп, Челинџ Купот, Лигата на шампионите и Купот на ЦЕВ, оваа година вицешампионките тргнуваат од 1. коло на Челинџ Купот. Денеска тие го добија и ривалот за натпреварите од премиерната рунда оваа сезона. Станува збор за составот Рае Јуре од Естонија.

„Eкипата на Рае Спордикол Властон од Естонија e екипа која минатата сезона беше мошне успешна. Во Челинџ купот настапува како освојувач на Купот на Естонија, во естонското првенство го освоиja второто место, но беше прва во Балтичката лига. Според овие податоци и информациите за играчкиот кадар со кои располагаме во моментов можам да констатирам дека се работи за една доста квалитетна екипа, која е комбинација на искусни играчи, пред се репрезентативки на Естонија, надополнети со млад и перспективен играчки кадар. Квалитетот на Рае сигурно не е на ниво на нашите противници од минатите години од типот на романските Вoлунтари, Алба Блаж, Лугож и Динамо Букурешт, што ни дава за право да се надеваме на далеку подобро наше издание, но сепак се работи за екипа која која доаѓа од Балтикот каде одбојката е на едно многу повисоко ниво од нашето. Во периодот што следи, ќе ги собереме сите неопходни информации кои ќе ни бидат од корист за што поподготвени да влеземе во овој двомеч и да се обидеме да оствариме поволен резултат“, вели тренерот на „романтичарките“, Душко Деспотовски.

Oдбојкарките на Работнички првиот меч го играат дома (28/30.10) додека вториот дуел го играат на гости (4/6.11).

ПретходноСтруга ТЛ се засили со млад фудбалер со македонско потекло
СледноШкендија по продолженија го елиминира ТНС и си закажа двомеч со романскиот ФЦСБ во следната фаза во ЛШ! (ФОТО + ВИДЕО)