Дуделанж и Бери Таун се противниците кои Вардар лесно ги минал, а се калибарот на Ла Фиорита

369

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар утринава се разбуди во прекрасното италијанско крајбрежје. Противникот од првото квалификацико коло во Конференциската лига од Сан Марино, екипата на Ла Фиорита му овозможи на „црвено – црниот“ табор да пристигне во ова фудбалско егзотично, но од секој друг аспект прекрасно за престој место.

Вардар овде пристигна со предност од 3:0. Головите пред четири дена на Арената ги постигнаа Омерагиќ, Јанкулов и Мато, а вчетврток со почеток од 21:00 часот Вардар има задача само да ја доврши работата.

Реално, нашиот претставник во минатото се има сретнато со вакви противници, кои квалитативно не се на неговоот ниво.

Да речеме, Дуделанж од Луксембург во 2002 година во Скопје пристигна како дел од квалификациите за лигата на Шампионите. Мечевите завршија 1:1 и 3:0, па Вардар потоа си закажа дуел со Легија Варшава.

Слично нешто се случи и следната сезона кога во 2003 година како шампион на Велс во Скопје пристигна тимот на Бери Таун. Мечот на Гратски заврши 3:0, Вардар на реваншот загуби со 2:1 (никој не помислува на такво нешто) и мина понатаму на оној историски дуел со ЦСКА Москва.

ПретходноКој е последниот клуб за кого играл Американецот што ќе ја спасува Македонија?
СледноЧудно, но вистинито: Реал Мадрид го избриша Модриќ на Инстаграм