Еве колкава ќе му биде платата на Модриќ во Милан!

550
ФОТО: AC Milan/FB

Од вчера легендарниот хрватски фудбалер, Лука Модриќ и официјално е нов член на Милан. Договорот е потпшан, промоцијата е „одработена“, па сега е време за тренинзи и секако натпревари.

Според „фамата“ која се дигна околу неговото доаѓање во градот на модата-Милано, фановите на овој клуб и тоа очекуваат големаи нешта од довчерашната ѕввезда на Реал Мадрид.

Инаку интересно е да се види колку ќе заработува Хрватот во Милан. Според некои “изворни“ информации, Лука Модриќ во својот нов клуб ќе заработува 2,5-3 милиони евра годишно. Колку за споредба тој во Реал беше платен по 10 милиони евра по сезона во минатото, само во последната сезона зема 5 милиони евра. Ова се бруто суми, колку да се знае.

Од ова произлегува дека на Хрватот парите не му биле во преден план, туку во целост да ја одработи оваа сезона за да може да биде во топ – форма на СП следното лето.

ПретходноПол Џорџ е опериран: Не е познато кога ќе може да игра
СледноЈамал го чека драконска казна по скандалот на неговата роденденска забава!