Алкалоид против Хановер. Потешко не можеше за нашиот претставник.
Денеска се одржа и ждрепката во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Европската лига, второто по ранг европско натпреварување.
Екипата на Алкалоид, освојувачот на пехарот во Европскиот Куп, за пласман во групната фаза во ЕЛ за ривал ќе го има составот на германскиот бундеслигаш. Нималку среќа за тимот на Кирил Лазаров.
Така сакаше ждрепката ако се знае дека нашиот претставник беше во групата на неносители.
Сепак останува надежта дека Алклоид ќе одигра два квалитетни меча и ќе се обиде да го изненади големиот фаворит од Германија.
Овие натпревари се закажани за 30/31 август – 6/7 септември. Првиот меч Алкалоид го игра на гости.
Инаку познато е дека Вардар веќе е во групната фаза во ЕХФ Европската лига.