Одбојкарските шампиони на Македонија во машка и во женска конкуренција, веќе ги добија противниците за првите квалификациски кола во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Шампионот во машка конкуренција, Струмица во првата квалификациска рунда за противник го доби романскиот состав, Динамо Букурешт. Првиот меч треба да се одигра во Струмица од 21 до 23 октомври, додека реваншот во Букурешт ќе биде една недела подоцна.
Во своето дебитантско претставување во Лигата на шампионите, шампионките од Кисела Вода, Јанта Волеј, за противник го добија освојувачот на тројната круна во Босна и Херцеговина, екипата на ЖОК Гацко. Нашиот првак ќе биде домаќин на првиот меч меѓу 21 и 23 октомври, а реваншот 7 дена подоцна ќе виде во БиХ.