Ждрепка за Челинџ Купот: УГД Штип и Наковски Волеј на гости ќе го имаат европското деби, Работнички почнува дома

29

Уште три македонски одбојкарски клубови денеска ги дознаа противниците за европските купови на ЦЕВ за новата сезона. На ждрепката во Луксембург, УГД Штип во машка и Работнички и Наковски Волеј во женска конкуренција ги добија ривалите за првите кола во рамките на ЦЕВ Челинџ Купот.

Штипјани во европското деби за ривал го добија норвешкиот состав Кол Ил од Осло. УГД Штип на првиот меч ќе биде гостин во термин меѓу 11 и 13 ноември, додекa реваншот една недела подоцна ќе се одигра кај нас.

Во женска конкуренција, вицешампионот Работнички на домашен терен меѓу 28 и 30 октомври ќе го пречека естонскиот претставник РАЕ Јури. За разлика од Работнички, струмички Наковски Волеј европското деби ќе го има на гости. Струмичанки во истиот период ќе и гостуваат на екипата на ТЈ Острава од Чешка. Реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.

ПретходноЛШ квалификации: Шкендија против ТНС игра за победа ама и за најмалку плеј – оф во ЛК!
СледноАндреј Митревски: “Да го дадаме нашиот максимум и да се избориме за што подобар резултат!