Лозана е поблиску од што изгледа….

249

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар в четврток со почеток од 21:00 часот во игра реванш дуелот од првото квалифиакциско коло од Конференциската лига против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

Првиот меч во Скопје, на Арената заврши 3:0, со головите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато, а сега Вардар во Сан Марино има задача да ја доврши работата.

Доколку се биде во ред, во второто коло Вардар се среќава со швајцарскиот тим на Лозана. Екипа сериозна по квалитет и вистински тест за можностите на Вардар во моментов.

Сепак, тренерот Гоце Седлоски стрикно забрани било какво споменување на тимот на Лозана, се додека не мине мечот во четврток. Сепак, на само десетици километри од базата на ФК Вардар овде во Сан Марино се наоѓа прекрасниот хотел Лозана, во Римини, познатата монденска летна дестинација.

Изгледа дека Лозана е многу поблиску одколку што Вардар смета во моментов….

 

ПретходноЧаир, Куманово и Металург Автокоманда ги добија противниците
СледноЕХФ Европски Куп: Тиквеш против Бешикташ, Охрид со тим од Азербејџан, Бутел за ривал го доби Дуделанж!