ЛШ квалификации: Шкендија против ТНС игра за победа ама и за најмалку плеј – оф во ЛК!

142
ФОТО: KF Skendija/FB

Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Шкендија го дочекува составот на ТНС од Велс. На првиот меч на гости минатиот вторник беше 0:0, па ете голема шанса, нашиот првак по вторпат во својата клупска историја да го елиминира тимот од Велс. Првиот пат беше во таа 2018 година со вкупни 5:4.

На Шкендија вечерва и треба било каква победа, па така со победа и со пласман во следната рунда, тетовци си обезбедуваат најмалку пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Си обезбедуваат и најмалку 2 милиони евра и секако долго,топло европски лето.

Да се потсетиме, ако вечерва Шкендија го елиминира ТНС тогаш ќе игра во 2.кваклификациско коло во ЛШ. Ако испадне таму, тогаш ќе игра во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа, значи и ако испадне од таму тогаш ќе игра во плеј – офот во Лигата на Конференции. Затоа велиме дека вечерашниот натпревар за нашиот шамшион е од огромна важност. Во случај на елиминација, а не сакаме да веруваме дека тоа ќе се случи, тогаш Шкендија ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции против поразениот тим од двомечот Дрита – Диферданж.Но таму нека играат Велшаните, а ние сакаме Шкендија да ја гледаме во 2.квалификациско коло во ЛШ против ФЦСБ или Ескалдес.

Атмосферата во тимот од одлична, мислите се победнички. Вчера на пресот тренерот Јетон Беќири и капитенот Бесарт Ибраими истакнаа дека Шкендија ќе го даде својот максимум, дека ќе се оди на победа, се респектира противникот, но дека оваа шанса не би смеело да се испушти.

На крајот да кажеме дека на центарот на почетокот на мечот ќе биде судија од Казахстан, Сајат Карабајев.

ПретходноЛа Фиорита в четврток без капитенот
СледноЖдрепка за Челинџ Купот: УГД Штип и Наковски Волеј на гости ќе го имаат европското деби, Работнички почнува дома