Митев: Наковски Волеј ќе се бори за секој поен на двомечот со ТЈ Острава

28

Своето европско одбојкарско деби ова есен ќе го има и екипата на Наковски Волеј. Струмичанки кои минатава сезона се закитија со трофејот од Купот на Македонија, сега имаат нов предизвик, настап во Челинџ Купот на ЦЕВ.

Среќата на денешната ждрепка сакаше Наковски Волеј во премиерата да добие силен ривал од Чешка, ТЈ Острaва. Тренерот на тимот, Александар Митев вели дека противникот е фаворит.

„Ова е наше прво излегување на меѓународна сцена. Играме против екипа која сигурно е фаворит гледајќи дека земјата од каде што доаѓа, Чешка. Тоа е земја која ова лето се натпреварува во најквалитетното натпреварување Лигата на Нации. Ќе го дадеме најдоброто од себе да го претставиме клубот градот и државата на меѓународната сцена, тоа е и наша обврска“, вели Митев.

Наковски Волеј дебито ќе го има на гости во периодот од 28 до 30 октомври, додека реваншот ќе го одиграат во салата „Парк“ во Струмица една недела подоцна.

ПретходноТалески: Нема простор за потценување, тргнуваме како да е прв натпревар
СледноМесто убедливо водство за Шкендија, на пауза се замина со 1:1! (ВИДЕО)