Митровски и Олимпија експресно елиминирани од Лигата на шампионите

119
фото: NK Olimpija Ljubljana (Facebook)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски и неговиот нов клуб Олимпија изненадувачки се елиминирани уште во 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите на УЕФА.

Фудбалерите на Олимпија, актуелниот словенечки шампион, ги разочараа своите навивачи откако во воведното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, ремизираа 1:1 дома со казахстанскиот шампион Каират, а во реваншот во Алмати загубија со 2:0. Митровски денеска почна од клупата, но доби шанса да влезе во игра уште во 39. минута кога неговиот тим губеше со 2:0. До крајот резултатот не се промени.

Сонот за Лигата на шампионите за новиот тим на Митровски е завршен, па сега сега тимот на нашиот репрезентативец ќе ја продолжи европската сезона во второто коло од Конференциската лига.

ПретходноВардар го одработува првиот тренинг во Сан Марино
СледноМилев: Динамо (Б) не е Олимпијакос, верувам дека може да им парираме