Младиот Велески потпиша професионален договор со Е. Пелистер 2!(ФОТО)

51
ФОТО: E. Pelister/FB

Најмладиот тим во Суперлигата за сезоната 2025/26, Еурофарм Пелистер 2, го комплетира ростерот со кој ќе игра натпревари за бодови од септември годинава. Еден дел од тимот ќе бидат момци кои се дел од младинската екипа, која го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Во тој правец е новиот четиригодишен договор на кружниот напаѓач Иван Велески. Ова 17-годишно момче го потпиша првиот професионален договор со својот матичен клуб и од крајот на овој месец ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките. Се работи за корпулентно момче, високо 190 сантиметри, кој се истакна во младинскиот шампионат на Македонија и на меѓународна сцена и сега првпат ќе добие шанса во сениорскиот ракомет.

ПретходноИсланд пресилен, Македонија ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место
СледноПол Џорџ е опериран: Не е познато кога ќе може да игра