Наполи го добива Лука на позајмица со клаузула за задолжителен откуп

167
фото: Udinese Calcio (X)

Лоренцо Лука е многу блиску до трансфер во Наполи. Новинарот Матео Морето денеска објави дека наполитанците и клубот од Удине, постигнале значителен напредок во преговорите за трансферот на 24-годишниот напаѓач.

Според него, деталите сè уште се разработуваат, но се очекува Наполи да го добие играчот на позајмица за 9 милиони евра и ќе треба да го откупи за 26 милиони евра на крајот на сезоната.

Минатата сезона во Серија А,  Лука постигна 12 гола и имаше една асистенција на 33 натпревари, а летово е едно од најзвучните имиња на италијанската трансфер сцена.

ПретходноПрекрасен мурал се појави во Ливерпул во сеќавање на Диого Жота (ФОТО)
СледноВо неизвесен меч пораз во три сета за Ивановски од третиот носител