Ристески: Штип УГД веќе испиша историја, но сакаме да одиме и во 2. коло на Челинџ Купот

44

Одбојкарите на Штип УГД денеска го дознаа името на својот прв европски првотивник во клупската историја. Освојувачот на Купот на Македонија и финалист во годинешниот плеј-оф во новата сезона ќе дебитира на европската сцена, а прв ривал за штипјани во првата рунда од натпреварите на Челинџ Купот на ЦЕВ ќе биде норвешки Кол Ил од Осло.

Тренерот на вицешампионот, Кристиан Ристески, не го криеше возбодувањето од она што ги очекува во дебито на евро-сцената.

„Ова пред се е историски ден за нашиот клуб, за првпат Штип излегува на европска сцена, кое пак нè прави единствени во градот пред сите останати спортски колективи и особено сме горди поради тоа. Денес на ждрепката во Луксембург, за противник ја добивме екипата на Кол Ил од Осло – Норвешка. Од првичните информации кои ги добиваме, станува збор за екипа која е составена пред се од домашнини грачи и која, исто како нас, нема некое големо интернационално искуство, па оттука сметам дека овој двомеч ќе биде доста неизвесен и рамноправен пред сè. Она што е поинтересно е дека победникот од овој двомеч ќе се соочи со италијанскиот гигант Алианц Милано од Италија. Па оттаму според мене, сатисфакцијата за двомечот против Кол Ил треба да биде токму тоа, да го донесеме во Штип, односно во салата „25 Мај“ во Радовиш, токму овој одбојкарски италијански гигант, составен од врвни одбојкарски имиња со што и повеќе од успешно би ја затвориле нашата прва европска сезона“, вели Ристески.

Штип УГД својот прв меч со Кол Ил ќе го одигра на гости меѓу 11 и 13 ноември, додека реваншот ќе биде една недела подоцна во салата во Радовиш.

ПретходноЈамал го чека драконска казна по скандалот на неговата роденденска забава!
СледноМарјан Ристовски е ново засилување за Пелистер