СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски
Утрото по пристигнувањето во Римини, Италија, станицата во која ќе одседне освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, по повод реванш дуелот од првото коло од Лигата на Конференциии против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, „црвено – црните“ ги почувстуваа двете страни од „медаљата“ по ова прашање.
Специфичноста на противникот, местото од каде што доаѓа, и се останато го направи доаѓањето овде малку поспецифично од „рандом“ патување на реванш дуел но далеку од тоа дека нешто е проблематично.
Напротив, кој не би сакал да се разбуди во Римини, едно најмонденските, елитни летувалишта на светот.
Вардар сепак, овде не дојде за забава и убаво да си помине. Вардар овде пристигна да ја доврши задачата од Скопје, и да го елиминира противнико.
Донесе предност од 3:0, заработени на Арената Тодор Проески во четвртокот со головите на Омерагиќ, Јанкулов и Мато.
„Четата“ на Гоце Седлоски е подготвена. Не смее ниту за момент да помисли дека ќе биде лесно, дека противникот е минат, (нека се сети само на стартот на Ненад Мишковски во првиот меч кога на 0:0 спаси чисти гол).
За Вардар нема да има одмор. Денеска нов тренинг, класична аклиматизација на моменталната температура, на фудбаските прилики наречени Сан Марино. Тука ретко кој помислува на квалификациски мечеви за групна фаза среде лето, но затоа е Вардаровиот екипаж тоа да го промени и испиште уште една страница од својата европска приказна летово.