Наместо на првиот тренинг со играчите во својот нов тим, Иван Јуриќ, новиот стратег на Аталанта, заврши во болница.
Имено Хрватот имал респираторни проблеми кои довеле до инфекцијата на грлото, па затоа и е хоспитализиран.
Самата информација ја потврдија и од раководството на клубот од Бергамо на своите социјални мрежи постирајќи и фото од Јуриќ од самата болничка соба.
Инаку Јуриќ дојде во Аталанта, откако овој клуб остана без својот долгогодишен стратег Џанпјеро Гасперини кој се пресели во Рома. Јуриќ досега во својата кариера бил тренер на повеќе клубови во Италија, а минатата сезона го предводеше составот на Саутемптон во Премиерлигата.
A presto, mister! 🫂💪 pic.twitter.com/PfkcPUSVGE
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) July 15, 2025