У-20 ЕП Б дивизија: Македонија со победа и против Швајцарија!

42
ФОТО: KFSM

Драмата за нашата млада кошаркарска селекција за победа против Швајцарија со 82:81, во меч од 4.коло во групата Ц на У-20 ЕП Б дивизија кое се одржува во Ереван (Ерменија).

По двете стартни порази, еве две победи по ред за четата на селекторот Горан Самаерџиев.

Завчера триумф против Грузија, а денеска ете против Швајцарија.

Македонија блескаво го почна овој меч, првиот период од играта го доби со 28:19. Сепак во втората четвртина пад во играта, па втората четвртина младите Швајцарци ја добија со 26:18.

Во третата четвтртина Македонија повторно како да не можеше да се снајде, Швајцарија беше подобра и во последниот период влезе со солидна разлика.

Но тогаш младите Македонци се разиграат, одиграа како во транс, ја добија последната четвртина со 18:9 и на крајот заслужено славеа против Швајцарија. Сега имаме шанси за пласман и во 1/4 финалето.

Кечовски и Стојковиќ постигнаа по 16 поени, додека Иванов запиша 14 поени.

ПретходноЖдрепка за ЛШ: Струмица против Динамо (Б), Јанта Волеј против шампионот на БиХ
СледноЛа Фиорита в четврток без капитенот