„Црвените“ повторно прашуваат за Исак, се споменува сума од 120 милиони фунти

71
фото: Newcastle (X)

Ливерпул е во разговори со Њукасл за трансфер на Александар Исак.

Според Фабрицио Романо, „црвените“ контактирале со „страчките“ за да разговараат за можна понуда за 25-годишниот напаѓач.

Доколку шведскиот интернационалец не е достапен за трансфер, англискиот шампион би можел да се приклучи во трката за Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Њукасл нема желба да го продаде напаѓачот и сака да потпише нов договор со Исак. Сепак, останува да се види како ќе одговори на понудата на „црвените“.

ПретходноМилев: Динамо (Б) не е Олимпијакос, верувам дека може да им парираме
СледноМатиќ: Во четврток ќе тргнеме како да е 0:0