Чаир, Куманово и Металург Автокоманда ги добија противниците

28
фото: WHC Cair (Facebook)

И женските преставници ги добија своите противници во ЕХФ Европскиот Куп.

ЖРК Чаир за ривал во второто коло го доби словенечкиот состав Ајдовшчина. Првиот меч го игра на гости, додека реваншот дома.

Тимот на Куманово во второто коло го доби Каскада Гарлијава од Литванија. Македонскиот клуб првиот меч го игра на гостински терен, додека реваншот е во Куманово.

Екипата на Металург Автокоманда за ривал во второто коло го доби Диферданж од Луксембург.

Првите мечеви се закажани за 26/27 септември, додека вторите на 4/5 октомври.

ПретходноЧудно, но вистинито: Реал Мадрид го избриша Модриќ на Инстаграм
СледноЛозана е поблиску од што изгледа….