Се чини дека Ламине Јамал нема така лесно да мине по се она што го направи на забавата на неговиот роденден.Откако се дозна младата ѕвезда најмил неколку лица со намален раст, а со тоа изби и голема скандал, сега се соочува со голема казна.
Здружението на лица со ахондроплазија и други форми на џуџест раст (ADEE) објави дека за прославата биле ангажирани ниски луѓе, што тие остро го осудија. Шпанското Министерство за социјални права побара од Јавното обвинителство, Заштитникот на граѓаните и Канцеларијата за борба против злосторства од омраза да истражат дали Законот за лицата со попреченост бил прекршен за време на прославата на роденденот на фудбалер на Барселона.
Станува збор за потенцијално исмејување на лицата со попреченост, или поточно на луѓето со низок раст, на прославата на 18-тиот роденден на крилниот напаѓач. Според Хесус Мартина, директор на секторот за лица со попреченост, Шпанија веќе три години има закон на сила кој забранува претстави што ги исмејуваат или омаловажуваат лицата со попреченост, иако во моментов не предвидува санкции.
Предложените казни би можеле да се движат помеѓу 600 илјади и еден милион евра. Истрагата ќе се фокусира на утврдување дали настаните на прославата на Јамал ја прекршиле оваа норма и дали тие би можеле да потпаднат под идните законски измени.