Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, одлучи да повика веќе проверен „странец“ за претквалификациите за СП 2027 година. Овој потег доаѓа по бројните откажувања на стандардните репрезентативци.
После долго време Џејкоб Вајли ќе го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Станува збор за Американец со македонски пасош кој ќе биде засилување под обрачите. Последен пат за Македонија играше во претквалификациите за СП 2023 година. Има одиграно 12 натпревари на кои забележал просек од 12.8 поени и 7.6 скока. Вајли е еден од оние Американци со македонски пасош кој има оставено позитивен впечаток.
Последен тим за кого настапил 30-годишниот Вајли е Каролина од Порто Рико, неговиот просек на 11 меч е 11.1 поен и 4.7 скока.
Македонија на втори август во Куманово ја пречекува Романија, седум дена подоцна (9 август) е гостин на Унгарија, по штп на 13-ти истиот месец игра исто на гостински терен кај Романија. Овие претквалификации ги затвара на 20 август против Унгарија на домашен терен.
Нашите кошаркари голем дел од подготовките ќе ги одработат во Гевгелија каде ќе одиграат и две пријателски средби против Швајцарија.