Прекрасен мурал се појави во Ливерпул во сеќавање на Диого Жота (ФОТО)

83
фото: ESPN UK (X)

Неколку недели по трагичната вест за тешката сообраќајна незгода во која животот го загуби голгетерот на Ливерпул, Португалецот Диого Жота, денеска во Ливерпул беше завршен еден од најголемите мурали посветени на Жота.

Новиот Мурал е дело на локалниот уметник Џон Калшо кој направи фантастична слика од Жота како слави гол со дланките поставени во знак на срце. Муралот е над еден паб на „Енфилд“.

ПретходноШкендија по продолженија го елиминира ТНС и си закажа двомеч со романскиот ФЦСБ во следната фаза во ЛШ! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноНаполи го добива Лука на позајмица со клаузула за задолжителен откуп