Талески: Нема простор за потценување, тргнуваме како да е прв натпревар

109

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

И голманот на Вардар, Давор Талески, внимателно гледа на реваншот со екипата на Ла Фиорита во четврток. По вечерашниот тренинг пред новинарите тој вели дека сите треба да бидат крајно внимателни на дуелот кој следува.

„Како што знаете, максимално сме фокусирани и се подготвуваме како да е ова прв натпревар. Оставивме добра слика на првиот меч, а тоа е мотив плус да одиграме уште подобро во четврток и да го потврдиме пласманот во следната рунда. Ова се европски натпревари, без разлика со кој и да играме не смееме уште од сега да размислуваме за следните противници. Сега сме тука во Сан Марино и не интересира само Ла Фиорита“, смета голманот на „црвено-црните“.

 

ПретходноМатиќ: Во четврток ќе тргнеме како да е 0:0
СледноМитев: Наковски Волеј ќе се бори за секој поен на двомечот со ТЈ Острава