Шкендија по продолженија го елиминира ТНС и си закажа двомеч со романскиот ФЦСБ во следната фаза во ЛШ! (ФОТО + ВИДЕО)

602

Шкендија – ТНС 2:1 во реванш средбата од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и тоа по продолженијата.

Ова значи дека нашиот шампион севкупно беше подобар од ТНС и затоа оди во следната фаза во Лигата на Шампионите.

Добра фудбалска претстава на Арената во Скопје, добра Шкендија. Поведе со голот на Тамба во 18.минут, потоа ТНС израмни на 1:1 во 3.минута, за да во 117.минута Боденхам си даде автогол за победа на Шкендија за пласман понатаму.No description available.

А во следната рунда, тетовци ќе играат двомеч со ФЦСБ, со гигантот од Романија. Првиот меч се игра на 22/23 јули во Скопје, а реваншот во Романија една недела подоцна.

Шкендија започна силно и агресивно. Уште во 2.минута можеше и мораше да има водство, но Љатифи од само неколку метри ја погоди стативата, каква шанса за тетовци? Неверојатно.No description available.

Во 9.минута во еден напад тројна шанса за Шкендија. Прво Љатфи биеше, но голманот Шеперд одбрани, на одбиената топка натрча Красниќи, но неговиот шут беше изблокиран, и на крај Ибраими се закани, но само во надворешниот дел од мрежата на Велшаните.

Голот, односно водството на нашиот шампион дојде во 18.минута. Цаке прекртасно го пронајде Ибраими, овој шутираше од лево, Шеперд ја одби топката до Тамба, на кого не му беше тешко да реализира за водство од 1:0 за Шкендија.No description available.

И во продолжение од оваа фаза на средбата, Шкендија ја имаше иницијативата, заканите, шансите, како онаа на Ибраими во 28.минута.

И се така до таа кобна 38.минута, кога од нигде никаде, една одбиена топка дојде до Џ. Вилијамс, на кого не му беше тешко да израмни на 1:1. Се чини тоа беше казна за сите промашувања на Шкендија дотогаш.

ПЕНАЛ ЗА ШКЕНДИЈА! ПА ВАР “КАЖА“ ДЕКА ПРЕТХОДНО ИМАЛО ОФСАЈД!!!

Во второто полувреме, ТНС и дефинитивно воспостави рамнотежа на теренот. Шкендија колку и да се обидуваше да дојде до ново водство, сепак ги немаше тие опасни закани кој голот на гостите од Велс, а и самата Шкендија како да беше многу повнимателна, се знаеше што ќе значеше нов гол за гостинската екипа на ТНС.No description available.

Во 69.минута Бесарт Ибраими се закани, но Шеперд беше на своето место и го одбрани тој удар. Овој реванш меч влезе потоа во фаза каде и двете екипи не сакаа да ризикуваат, и Шкендија и ТНС почнаа да играат максимално внитално. Секоја грешка ќе беше катастрофа за било кој.

Во 79.минута супер шанса за Ибраими. Вебстер од корнер нафрли, а Бесарт од непосредна близина со шут со глава за малку беше непрецизен. Штета, ова беше мат позиција за голманот на ТНС, Шеперд.No description available.

Во 83.минута судијата од Казахстан прво покажа пенал, Бесарт Ибраими си се намести, но ВАР потоа одлучи дека претходно имало офсајд.

Уф, каков шок за Шкендија во тие моменти.

Во 90+5.минута Тамба беше во шанса, но сепак гол и сега немаше.

Тоа значеше дека ќе има продолженија 2Х15 минути, овој двомеч мора вечерва да се реши.

Во оваа фаза од сребата Шкендија имаше неколку закани, посебно онаа на Крстевски, но сепак немаше гол се до 116.минута кога Адеми шутираше а таму Боденхам си даде автогол и гол за водство од 2:1.

Конечно.

1.квалификациско коло во ЛШ – реванш (прв меч 0:0)

ШКЕНДИЈА – ТНС 2:1 (1:1)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Сајат Карабајев (Казахстан). Стрелци: Тамба 18.. Боденхам (авт) 116.(ШКЕ), Џ. Вилијамс 38. (ТНС).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака (71. Алхасан), Тамба (105. Адеми), Красниќи (72. Ф. Рамадани), Љатифи (63. Крстевски), Ибраими.

ТНС:Шеперд, Крејг (66. Годмаркс-Форд), МекГејхи, Боденхам, Редмонд (82.Маршал), Холден, Корнес (99.Чарлс), Д. Вилијамс, Џ. Вилијамс, Вилсон (66. Кларк), Бробел.

ПретходноДеспотовски: Рае е силен состав, но не од калибарот на ланските ривали
СледноПрекрасен мурал се појави во Ливерпул во сеќавање на Диого Жота (ФОТО)