Познати се термините за двомечот Шкендија – ФЦСБ: Тетовци прво играат дома, па гостуваат во Букурешт!

472

Нашиот шампион успешно ја мина првата пречка во квалификациите во Лигата на Шампионите. Со вкупни 2:1, Шкендија го елиминира ТНС од Велс и со тоа си закажа двомеч во 2.квалификациско коло во ЛШ и тоа против некогашниот европски првак, тимот на Стеауа или по ново ФЦСБ.

УЕФА веќе ги одреди термините за оваа пресметка за шампионот на Романија.

Па така првиот меч се игра на 22 јули (вторник) од 20 часот на Арената “Тодор Проски“ во Скопје. Реваншот се игра на 30 јули (среда) и тоа од 19:30 часот на стадионот “Стеауа“ во Букурешт.

Како што информираат од таборот на нашиот претстаник во ЛШ, наскоро ќе се пуштат во продажба билетите за првата средба, која се игра на свој терен против некогашниот европски првак.

ПретходноАндоновски: Подмладувањето на репрезентацијата е природен чекор!
СледноЕнди Мареј: Не се снаоѓав најдобро кога Ѓоковиќ ќе побараше совет