Тамба: Среќни сме, но не се задоволуваме…ја сакаме Шкендија во групна фаза

346

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија синоќа оствари успех со елиминацијата на велшкиот тим ТНС во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите.

Шкендија успеа по два меча и одиграни едни продолженија, да го елиминира незгодниот ривал со конечен и вкупен резултат 2:1 и да си закаже двомеч со тимот на СЦБС од Романија.

Стрелецот на првиот гол за Шкендија синоќа, Фабрис Тамба, го отвори резултатот, а воедно тоа му беше првиот гол во Европа воопшто.

„Го постигнав својот прв гол во Европа, по еден луд меч несомнено. Примивме гол во меч во кој имавме тотална контрола, а потоа истиот замина во сосема друг правец. Не се исплашивме, ниту откажавме, напротив се боревме до последната 120. минута и заслужено, со помош на бога го добивме тоа што го посакувавме.

Среќни сме но не сме задоволни. Сеуште не. Затоа што имаме уште многу мечеви за играње во Европа летово. Сакаме да испишеме историја со клубот. Сакаме да влеземе во групната фаза. Ако не е тоа ЛШ нека биде било која друга групна фаза. Денес сме среќни, но имаме пред нас уште многу. Вечерва славиме но веќе утре ќе мора да се вратиме на тренинг и напорно да работиме за следниот меч“ – рече Тамба,

ПретходноБеќири: Ова е заслужена победа, и пласман понатаму
СледноАтлетико го потврди Алмада