И дефинитивно повратникот во нашата елитна лига, тимот на Башкими не знае за доста. Од вечерва нов член на кумановскиот прволигаш е Абдулхади Јахја (26), досегашен играч на Воска, претходно на Струга ТЛ, но и на Еуромилк, Шкупи, младинскиот состав на Вардар.
Јахја е роден во Охрид, може да игра десната бековска позиција, а може и тоа како да помогне по десната офанзивна крилна линија, како и на левата.
Ова е уште едно големо засилување за Башкими.