Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, денеска беше подложен на операција левото рамо. Англискиот репрезентативец се мачи со рамото од крајот на 2023 година, кога доживеа дислокација за време на натпреварот против Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“. Веста ја објави „Онда Серо“, а медиумот објави дека Белингам ќе биде надвор од терените помеѓу 10 и 12 недели.
Според извештаите самата операција минала во најдобар ред, но сепак ѕвездата на “кралевите“ го чека долга пауза. Повредата, исто така, влијаеше на перформансите на поранешниот играч на Борусија Дортмунд. И покрај импресивниот почеток во Реал Мадрид, формата на Белингам постепено се влошува.
Реал Мадрид очекува Белингам да биде подготвен за репрезентативната пауза во октомври (19-ти). Додека Англичанецот е надвор од теренот, тренерот Чаби Алонсо ќе мора да најде замена за својот клучен играч, кој е редовен стартер откако се пресели на „Бернабеу“ пред две години.