Бесир Демири: Да го покажеме најдоброто од себе!

81
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Секако дека кога еден меч почнуваш со негатива од 0:3 е тежок е за играње. Така ќе им биде утре на играчите на Работнички, ако се знае дека на првиот меч кога домаќин беше Торпедо Белаз, истиот заврши со убедлива победа на тимот од Белорусија.

Капитенот на Работнички, Бесир Демири во пресрет на утрешниот реванш со Торпедо Белаз имаше свој коментар!

Мотивацијата на вакви мечеви е на највисоко ниво. Знаеме што носи Лига на Конференции. Тие 0:3 од првиот меч не ја отсликува играта што ја покажавме таму во Унгарија. Цела недела го анализиравме противникот и нашите грешки, се надевам дека утре ќе излеземе на терен и ќе го покажеме најдоброто од себе“.

Според Демири, Работнички има план:

Имаме план. Нема од прва минута безглаво да нападнеме. Натпреварот трае 90 минути, ќе ја чекаме нашата шанса. Без разлика што ќе биде на почетокот од средбата, има време. Долги се тие 90.минути. Мислам дека и покрај тие 0:3, мислам дека имаме шанса. Тие 0:3 се нереален исход како што кажав“.

ПретходноБојан Маркоски: Работнички верува во чудо, не се предаваме однапред!
СледноВасоски и Анѓелески (Силекс): Поквалитетен тим сме од Дечиќ, тоа ќе го докажеме на терен!