Беќири: Ова е заслужена победа, и пласман понатаму

211

Актуелниот шампион на Македонија, екипата на Шкендија, синоќа по голема борба, и одиграни две продолженија, успеа на Арената Тодор Проески во Скопје, да го елиминира велшкиот претставник, тимот на ТНС, и на тој начин да мине во второто коло.

Конечните 2:1, синоќа се дело на Тамба односно, Бодехам кој што си постигна автогол во 116. минута од продолженијата, додека пак Вилијамс погоди за гостите од Велс.

Тренерот на Шкендија, Јетом Беќири секако презадоволен од развојот на настаните по мечот истакна дека Шкендија заслужено е онаму каде што е.

„Мислам дека кога сѐ ќе се погледне, Шкендија го заслужи пласманот во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Знаевме дека нема да биде лесно, се покажа дека ТНС е жилав противник, но ете по продолженија успеавме да ја оствариме целта. Сега нѐ очекуваат дуели со ФЦСБ, сигурно дека тоа е голем клуб на романскиот фудбал, но ќе ги анализираме и ќе се подготвиме добро“, изјави Јетон Беќири по натпреварот со ТНС.

ПретходноВо неизвесен меч пораз во три сета за Ивановски од третиот носител
СледноТамба: Среќни сме, но не се задоволуваме…ја сакаме Шкендија во групна фаза