Бојан Маркоски: Работнички верува во чудо, не се предаваме однапред!

78

Работнички утре од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, го во реванш натпревар од 1.квалификациско коло во ЛК, го дочекува Торпедо Белаз од Белорусија. Тимот од Градски парк ќе има тешка задача ако се знае дека на првиот меч беше поразен со 0:3.

Попладнево се одржа прес, а стратегот Бојан Маркоски покртај другото истакна:

Познато е дека имаме негативен резултат од првиот меч од 3:0, но според играта не заслуживме да биде така.Сепак со ривали од типот на Торпедо, секоја грешка се казнува што го почуствувавме ние на своја кожа. Фудбалот е интересна игра, не ретко се случуваат чуда, не се предаваме, максимално сме спремни, и утре ќе дадеме и повеќе од максимум за да пробаме да ја анулираме негативата од првиот меч“.

Работнички знае што го очекува, но знае и што треба да направи:

Секакако дека ќе биде тежок меч, знаеме што не очекува, играме против силна и искусна екипа. Сепак мора да биде максимално сконцентрирани, мотивирани и да гледаме напред. Ако тргне според планот што го имаме се може да се случи. Секако дека ќе го дадеме својот максимум да ја израдуваме публиката утре што ќе дојде на стадион. Независно е како ќе биде на полувреме, важно е да имаме активенн резултат. Да бидеме паметни и мудри. Топлото време може да и биде предност за нас“ заклучи Маркоски.

ПретходноХаос во ФЦСБ по срамот во Андора: Сопственикот Џиџи Бекали најави “шут-карта“ за неколку играчи!
СледноБесир Демири: Да го покажеме најдоброто од себе!