Вардар може, Вардар сака, Вардар заслужува….(ФОТОГАЛЕРИЈА)

230

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Екипата на Вардар веќе два дена е во базата во Сан Марино каде в четврток со почеток од 21:00 ќе го одигра реванш дуелот со тимот на Ла Фиорита во рамките од провто квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Првиот меч во Скопје заврши со триумф од 3:0 за Вардар, благодарение на Омерагиќ, Јанкулов и Мато кои погодија во второто полувреме.

Сега, доаѓа редот на второто полувреме што се вели од целокупниот двомеч, кој што за Вардар ќе треба да се претходница на она вистинското. Потенцијалниот сеуште дуел со тимот на Лозана од Швајцарија, противникот во второто коло.

Вардар вчера во и повеќе од солидни услови вчера до одработи првиот тренинг во Сан Марино, како аклиматизација на условите кои владеат тука.

Освојувачот на Купот на Македонија има желба летово неговото европско патешествие да трае што подолго, а и го заслужува тоа. Со пристапот, начинот на кој што се стигна до тука, а и со желбата да се врати „црвено – црниот“ тим онаму каде што му е местото. На врвот на македонскиот фудбал, со успеси припишани како на домашна, така и на интернационална сцена.

ПретходноЈувентус има нов технички директор
СледноЧелзи повторно ќе тргне во Гарначо