Васоски и Анѓелески (Силекс): Поквалитетен тим сме од Дечиќ, тоа ќе го докажеме на терен!

188

Екипата на Силекс утре од 19 часот на теренот на ФФМ во Скопје ќе го дочека Дечиќ во реванш средбата од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. На првиот меч во Тузи тогаш беше 2:0, па така Силекс го чека тешка задача.

Тренерот на кратовци Александар Васоски и капитенот Дарко Анѓелески имаа свое видување за утрешниот дуел:

Свесни сме дека имаме негативен резултат од првиот меч. Сепак сметам дека сме кадарни да пробаме да го елиминираме Дечиќ. Имаме квалитетна екипа, сме знаеле минатата сезона во ПМФЛ да постигнуваме и по 3-4 голови, зошто да не биде така и оваа утрешна средба. Ако влеземе со добар фокус на мечот тогаш имаме реални шанси да го елиминираме тимот од Црна Гора“ посочи Васоски и продолжи:

Дечиќ има сериозен инвеститор пред се. Пред две години беа шампиони, оваа година го освоија Купот. Имаат ростер со квалитетни играчи. Иксрено тие не не изненадија, ние сами себе си се изненадивме со тоа што влеговме со многу грч и многу импресионирано. Имаме уште 90.минути, нема да брзаме, сакаме стратешки да одиграме. Да, Дечиќ е во предност, но и ние си имаме свои шанси. Освен Мирчески кој има црвен картон и Бутуровиќ кој нема право на настап, сите се во комбинација. Треба да го спроведеме планот што го имаме, ова е фудбал, тука никогаш 1+1 не е еднакво на 2“

Капитенот Дарко Ангелески е убеден дека Силекс може да оди натаму:

Една тешка средба зад нас. Црвен картон, второ полувреме одиграно со играч помалку. Добро е да се каже дека добро е што останаа тие 2:0 за противникот. Аналиизиравме грешките, работевме оваа недела, мислам дека сме доволно подготвени и пред се квалитетни да го свртиме овој двомеч во наша корист и дека можеме да го исфрлиме Дечиќ и ние да одиме натаму.Спремни сме и за продолженија, сепак сметам дека нема да има потреба од нив. Поквалитетна екипа сме од нив, тоа и ќе го покажеме на терен“ истакна капитенот на Силекс“.

ПретходноБесир Демири: Да го покажеме најдоброто од себе!
СледноНишто од 1/4 финале: Јуниорите поразени од Данска