Вест Хем потпиша со репрезентативец од Сенегал

44
FOTO Ел Хаџи Малик Диуф Славија Прага

Ел Хаџи Малик Диуф од Славија Прага е најновото засилување за тимот на Вест Хем. „Чеканите“ синоќа го промовираа играчот кој што според медиумите на Островот вреди 19 милиони евра. Толку Вест Хем и платил на Славија за дефанзивецот кој што ја носи својата кариера на едно сосема поинакво ниво.

Диуф беше дел од репрезентацијата на Сенегал која што оствари сензационална победа среде Англија против „Гордиот Албион“ пред околу еден месец.

„Имав доста тимови на располагање каде да заминам но го одбрав Вест Хем. Разговарав со менаџерот и ми се допадна она што го слушнав“ – изјави Диуф.

 

ПретходноАтлетико го потврди Алмада
СледноСамо што направи трејд во Хјустон, Дурант го оперирал палецот