Дубаи цели високо, уште еден голем потпис на Блискиот Исток

89
Фото: Дубаи Х

На денот кога Хапоел Тел Авив го сруши рекордот и го направи Мициќ убедливо најплатен играч во Евролигата, уште еден нов член на елитното натпреварување откри огромно засилување.

Двајн Бејкон е новиот играч на Дубаи. Тој е добро познато име во европската кошарка, а се враќа во Евролигата по три години, кога го напушти Панатинаикос. Пред тоа, тој играше и за Монако.

Крилниот играч има 29 години, а минатата сезона беше член на рускиот Зенит.

Тој имаше просек од 17,6 поени по натпревар, со 3,9 скока и 2,2 асистенции во ВТБ лигата и беше признат за најкорисен играч на првенството.

Тој беше драфтуван од Њу Орлеанс Пеликанс за НБА, но никогаш не играше за нив, но беше член на Шарлот три години и на Орландо една. Секако, тоа беше фаза од неговата кариера пред да тргне во Европа.

Неговиот потпис е уште еден доказ дека Дубаи има огромни амбиции за следната сезона во Евролигата, додека во АБА лигата ќе биде сериозен конкурент на Црвена Ѕвезда и Партизан за титулата.

Да ве потсетиме дека пред Бејкон, Дубаи ги донесе Џанан Муса, Алекса Аврамовиќ, Мекнали Рајт, Кенан Камењаш и Мам Џаитех, а ги задржа и сите важни играчи од минатата сезона.

ПретходноВо Шпанија го бранат: Да не заборавиме дека Ламине Јамал е сè уште млад човек
СледноИ официјално: АБА-лига ќе брои 18 тима, ќе бидат поделени во две групи