Енди Мареј: Не се снаоѓав најдобро кога Ѓоковиќ ќе побараше совет

88

Откако ја заврши својата играчка кариера, Енди Мареј почна да работи како тренер и многу брзо се најде во тимот на Новак Ѓоковиќ.

Сепак, соработката не траеше долго – од ноември 2024 до мај 2025 година. Тие беа заедно на четири турнири и на крајот донесоа заедничка одлука да се разделат.

Во интервју за „The Tennis Mentor“, Британецот откри што не одело според планот додека работел со Ѓоковиќ.

„Кога работите со ас на негово ниво, јасно е дека вашите силни и слаби страни како тренер се видливи. Понекогаш Ѓоковиќ бараше технички совет, а јас не бев најдобар во справувањето со такви ситуации.“

Тој додаде дека сега се гледа себеси како работи со помлад тенисер.

„Мислам дека во овој поглед, тренерите кои работат со млади играчи се подобри од многу тренери на Тур. Бидејќи кога тенисер има 20 или 22 години, повеќе не се обидувате да ја промените неговата игра и техника. Потоа работите на некои мали работи. Значи, ако повторно работам како тренер, ќе морам да научам многу на оваа тема. Ќе морам да ја научам од некој што е многу добар во тоа.“

ПретходноПознати се термините за двомечот Шкендија – ФЦСБ: Тетовци прво играат дома, па гостуваат во Букурешт!
СледноВо Шпанија го бранат: Да не заборавиме дека Ламине Јамал е сè уште млад човек