СпортСпорт во Сан Марино, Огнен Чак Дојчиновски
Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Вардар утре мора без напаѓачот Михаил Талевски. Тој е повреден, има проблеми со колателарниот лигамент, па така стратегот Гоце Седлоски ќе мора без него на утрешниот реванш меч против Ла Фиорита во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Да напоменеме дека мечот започнува од 21 часот, а Вардар има предност од првиот меч од 3:0.
Како што се гледа од фотографијата од тренигот на Вардар во Сан Марино, левото колено на Талевски е во завој.