Конечно: Џејдон Санчо во Јувентус!

113
ФОТО: FC Manchester United/FB

Како што вечерва јавуваат медиумите во Италија, се чини дека конечно Џејдон Санчо веќе во следните неколку дена би можел да стане нов член на Јувентус. Неговиот агент вечерва е на преговори во Торино, но сепак најважно е тоа што Манчестер Јунајтед се сложил да ја спушти цената за напаѓачот.

Имено клубот од “Олд Трафорд“ бараше 25 милиони евра а Јуве нудеше 15 милиони. И двете страни, наводно се сложиле Санчо да направи трансфер во Јувентус за 15 милиони евра, но за разни бонуси.

Само да потсетиме дека пред неколку години, Манчестер Јунајтед за Санчо на Борусија Дортмунд и плати неверојатни 85 милиони евра, ама тогаш тој важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот.

ПретходноПријателска: Арсими со убедлива победа против Брера!
СледноДуран само што дојде и веднаш го налути “Специјалниот“!