Македонската младинска кошаркарка репрезентација не успеа да се пласира во четвртфиналето на Европското првенство Дивизија Б, откако беше поразена од Данска со 89-85.
Дека нема да играат за повисок пласман беше познато пред оваа средба. За кое место ќе се борат ќе биде познато подоцна. Луканоски со 21 поен беше прв стрелец, зад него беше Младеновски со 17 поени. Двата тима одиграа неизвесен натпревар на кој за нијанси подобра беше Данска, особено во клучните моменти. Македонија по првата четвртина имаше водтво од 18-19, додека на одморот беше 44-44. Данска го доби и вториот период со 22-19, додека во последната четвртина поведе со 81-73, нашите кошаркари дојдоа на минус два (87-85), но немаа сили за ништо повеќе.