Официјално: Сараево се пофали со Агон Елези!(ФОТО+ВИДЕО)

67
ФОТО: FK Saraevo/FB

Она што се најавуваше во медиумите во БиХ и во Македонија, од вечерва е и официјално. Играчот за врска на нашата најдобра репрезентација, Агон Елези и официјално е нов член на Сараево. Член на најголемиот и најпознат клуб во БиХ.May be an image of ‎1 person, playing soccer, playing football and ‎text that says '‎رار 1943 TURKISH I5 AIRLINES‎'‎‎

Ова е уште еден одлично сработен трансфер на новиот спортски директор на тој клуб, Крсте Велкоски, откако пред некој ден дојде во “бордо“ тимот и Стефан Ристовски.

Да потсетиме дека Елези доаѓа од Бохум, а во минатата сезона играше како позајмен играч во Хрватска, во тимот на Горица.May be an image of ‎1 person, playing football, playing soccer and ‎text that says '‎هی 1948 evO E/O URISH IILIES O TURKISH AIRLINES‎'‎‎

Елези кој има 25 години, со Сараево потпиша договор со важност до 2028 година.

ПретходноОдржан официјалниот тренинг: Вардар во Сан Марино по заверка на пласманот во второто коло!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЃорческа елиминирана во второто коло на ВТА Челинџерот во Рим!