Ракометарките повторно ќе играат во Битола

78

Македонската женска ракометна репрезентација повторно ќе игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, вака одлучиа РФМ откако на дуелот против Полска „црвено-жолтите“ имаа силна поддршка од трибините.

Ракометарките ги чека квалификации за СП 2026 година, а на првиот домашен меч ќе ја пречекаат Словенија. Натпреварот е закажан за 19 октомври. Прв противник во квалификациите е селекцијата на Германија, дуелот се игра на 16. октомври.

Првата ЕХФ недела ќе биде искористена за „Трофеј Македонија“, меѓународен турнир кој ќе се одржи во Охрид, а учество ќе земат Тунис, Египет и Грција.

Претходно5 години FLEX CREDIT: Јубилеј во знакот на растот и луѓето кои стојат зад него
СледноКомерцијална банка е нов генерален спонзор на КФСМ